Јуве киксна против Каљари, Влаховиќ промаши зицер! (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јуве киксна против Каљари, Влаховиќ промаши зицер! (ВИДЕО)

Јувентус не успеа да го совлада Каљари каде конечниот резултат беше 1-1. Стрелец за Јувентус беше Влаховиќ во 15. минута од пенал со што со еден гол се замина на полувреме. Голот кој го постигна Србинот го посвети на стоперот Бремер кој доживеа тешка повреда и за кого сезоната е завршена. Во вториот дел Јувентус не успеа да постигне уште некој гол за безбедно да го затвроти натпреварот, па Каљари успеа да го казни домаќинот исто така со гол од пенал во 88. минута каде стрелец беше Разван Марин. Треба да се спомене и зицерот кој го промаши Духан Влаховиќ во 78. минута кој можеше да го реши натпреварот. Лоша вест за Јувентус е црвениот картон на Консеисао.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.