February 2, 2025 | | Свет
Јувентус има сериозен интерес да го донесе Виктор Осимен во своите редови летово, како наследник на Душан Влаховиќ, кој се очекува да го напушти клубот. Српскиот напаѓач веќе три години е дел од тимот од Торино, но неговите менаџери ги прекинаа преговорите за нов договор кога дознаа дека клубот не планира да му ја зголеми платата. Бидејќи неговиот договор важи до 2026 година, Јувентус сака да го продаде ова лето за да избегне потенцијално заминување без обештетување. Како што пренесува Gazetta dello Sport, спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Ѓунтоли, има голема почит кон Осимен, кого во 2020 година го донесе во Наполи. Се верува дека неговата добра релација со нигерискиот напаѓач би можела да помогне во преговорите за трансфер во Торино. Осимен моментално настапува за Галатасарај како позајмен играч од Наполи, кој поставил откупна клаузула од 75 милиони евра за странските клубови. Јувентус очекува со продажбата на Влаховиќ да обезбеди финансии за примамлива понуда и верува дека Осимен, со својата брзина, физичка доминација и завршница, би бил идеално засилување. Дополнително, доколку го доведат Осимен, „Бјанконерите“ би ја ослабнале конкуренцијата во Серија А, иако Наполи и без него бележи добри резултати.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |