Јуве потешко од очекуваното го совлада „десеткуваниот“ Лацио (ВИДЕО)

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јуве потешко од очекуваното го совлада „десеткуваниот“ Лацио (ВИДЕО)

Јувентус со многу мака успеа да го совлада Лацио со минимални 1-0 во натпревар во кој уште од 24 минута гостите беа со играч помалку поради црвениот картон на Ромањоли. Иако гостите цел натпревар одлично се бранеа, на крајот примија гол по една несмасна реакција на Марио Хила кој несакајќи го измами својот соиграч Проведел и ја смести топката во неговиот гол. Тешка, но заслужена победа на Јувентус кој сега се израмни со Наполи на врвот на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.