January 14, 2025 | | Свет
Јувентус ја продолжи серијата на нерешени резултати, запишувајќи го своето 13-то реми оваа сезона во Серија А со ремито против Аталанта. Ова беше четвриот нерешен резултат во последните осум натпревари за тимот предводен од Тијаго Мота во сите натпреварувања. Аталанта, која е на третото место со 43 бода, успеа да извлече бод во 78. минута благодарение на голот на Матео Ретеги. Натпреварот, кој беше одложен од 19-то коло, заврши со резултат 1:1. „Старата дама“ поведе во 54. минута преку Пјер Калулу, но не успеа да ја задржи предноста. Јувентус, со освоени 34 бода, моментално се наоѓа на петтото место на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |