April 12, 2025 | | Свет
Јувентус ја искористи фаворитската улога и дојде до важна победа од 2-1 против Лече во рамките на 32. коло од Серија А. Домашниот тим рано поведе, откако Копамјнерс искористи убава асистенција од Влаховиќ и го совлада голманот на Лече уште од првата посериозна шанса на мечот. Во 33. минута, Јилдиз се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на „старата дама“ на 2-0, со што изгледаше дека Јувентус целосно го контролира натпреварот. Сепак, во второто полувреме тимот значително го намали интензитетот и дозволи Лече да се врати во игра. Во 87. минута, Баскирото со удар со глава го намали резултатот на 2-1. Со оваа победа Јувентус се искачи на третото место на табелата со 59 бодови, но конкуренцијата не заостанува – Аталанта со 58 и Болоња со 57 утре ќе се соочат меѓусебно во борбата за топ 4.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |