Јувентус има за цел да го врати Конте на клупата!

May 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус има за цел да го врати Конте на клупата!

Јувентус сака да го врати Антонио Конте на кормилото. Легендарниот стратег, кој ја водеше „Старата дама“ до три последователни Скудета (2011–2014), повторно е главна мета на управата во Торино. Иако Конте е само два чекори далеку од титула со Наполи, неговата иднина на југот е под прашалник. Како и многу негови претходници, и тој се соочува со тешка комуникација со претседателот Аурелио Де Лаурентис, што може да го забрза неговото заминување. Според информации од италијанските спортски кругови, вклучувајќи го и добро информираниот Џанлука Ди Марцио, Јувентус го гледа Конте како идеално решение за нова ера на стабилност и трофеи. Семејната врска со Торино, каде сè уште поседува дом, само ја зајакнува можноста за негово враќање.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.