Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ: Србинот ќе биде достапен за ниска сума

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ: Србинот ќе биде достапен за ниска сума

Јувентус веќе ја донел конечната одлука за иднината на Душан Влаховиќ, а италијанските медиуми тврдат дека српскиот напаѓач нема да биде дел од плановите на Тиаго Мота. Се очекува неговата продажба во летниот преоден рок, особено поради високата плата од 12 милиони евра, која не се вклопува во новата стратегија на клубот. Доаѓањето на Рендал Коло Муани во Торино дополнително го потисна Влаховиќ во втор план, што е само уште една потврда дека „бјанконерите“ се подготвуваат за разделба со него. Поради тоа, тој сега добива ограничена минутажа и најчесто влегува како резерва на клучни натпревари, како што беа дуелите со Интер и ПСВ. Очекуваната трансфер сума од 30 милиони евра сугерира дека Јувентус нема да има проблем да пронајде заинтересиран клуб, а трансферот би можел да се реализира една година пред истекот на неговиот договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.