Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ

Јувентус го погоди со ангажманот на Коло Муани од ПСЖ, кој игра одлично и го остави Душан Влаховиќ на клупата. Српскиот напаѓач има договор со „Старата дама“ до јуни 2026 година, но клубот му нуди помала плата од сегашната, што за него е неприфатливо. Поради тоа, Јувентус е подготвен да го продаде и наводно бара сума од 50 милиони евра. Влаховиќ моментално заработува 19,4 милиони евра бруто. Влаховиќ оваа сезона има постигнато 13 погодоци на 28 натпревари, а во минатото беше поврзуван со Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.