Јувентус ја совлада Венеција и се избори за Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

May 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус ја совлада Венеција и се избори за Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

И покрај слабата форма во најголемиот дел од сезоната, Јувентус успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, благодарение на победата од 2-3 на гостувањето кај тимот на Калјари. Натпреварот започна бурно – домашните поведоа уште во 2. минута преку Фила, но „старата дама“ одговори брзо и до полувремето направи целосен пресврт со головите на Јилдиз и Коло Муани. Хапс израмни на 2-2 во 55. минута и внесе дополнителна доза драма, но Локатели во 73. минута од пенал донесе три златни бода за Јувентус и место меѓу европската елита. Победата на Рома против Торино не беше доволна да ја промени ситуацијата – навивачите на „биковите“ дури отворено повикуваа нивните фудбалери да загубат со цел Јувентус да остане без ЛШ, но „бјанконерите“ го земаа своето. Во борбата за Лига Европа, токму тимот на Клаудио Раниери си обезбеди учество со доволен број бодови, иако останаа под Јувентус. Од другите резултати, Парма обезбеди опстанок во елитата со изненадувачка победа од 3-2 над Аталанта во Бергамо. Во Серија Б, покрај веќе испаднатата Монца, се преселија и Венеција и Емполи. 38. КОЛО СЕРИЈА А: Аталанта – Парма 2:3 Емполи – Верона 1:2 Лацио – Лече 0:1 Торино – Рома 0:2 Удинезе – Фиорентина 2:3 Венеција – Јувентус 2:3

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.