February 16, 2025 | | Свет
Јувентус успеа да го совлада големиот ривал Интер со минимални 1-0 во претпоследниот натпревар од 25. коло на Серија А. Средбата на „Алијанц Стадион“ во Торино донесе многу возбудувања, отворена игра и можности на двете страни, но „бјанконерите“ покажаа поголема решителност во второто полувреме и ја заслужија победата. Од самиот почеток, двете екипи влегоа со јасна намера да постигнат голови. Првата голема шанса ја имаше Мехди Тареми, кој со атрактивен удар со ножички го тестираше Ди Грегорио, а Интер беше опасен и од одбиената топка. Од другата страна, Јувентус возврати со три прилики во краток период, преку Консеисао и Коло Муани, но без реализација. Најблиску до погодок во првиот дел беа Лаутаро Мартинез и Дензел Дамфрис, кој ја погоди стативата. Во второто полувреме Јувентус заигра поофанзивно, создаде неколку шанси, а Зомер мораше да интервенира. Интер имаше уште една можност, но Дамфрис повторно ја погоди стативата. Конечно, во 74. минута Франциско Консеисао го отвори резултатот, реализирајќи одлична акција во која Рандал Коло Муани мајсторски го пронајде со асистенција. Само неколку минути по голот, Јувентус имаше уште една одлична можност преку Теун Копмајнерс, но Дамфрис со реакција на гол линијата го остави Интер во игра. Сепак, гостите не успеаја да го избегнат поразот, што значеше дека ја пропуштија шансата да се искачат на врвот на табелата. Наполи останува лидер со 56 бода, Интер е веднаш зад него со 54, Аталанта има 51, додека Јувентус сега е на четвртата позиција со 46 бодови.
Francisco Conceicao`s goal against Inter! pic.twitter.com/DplbYpbECh
— Zecchinetta (@zecchinetta0) February 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |