July 2, 2025 | | Свет
Јувентус влегува со полна пареа во летниот преоден рок и веќе ја скицира новата напаѓачка слика. Според последните информации, „старата дама“ ја договорила замената за Душан Влаховиќ – Џонатан Дејвид, канадскиот репрезентативец кој наводно постигнал усмен договор со клубот од Торино. Очекувањата се дека Дејвид ќе потпише долгорочен договор како слободен агент, а ќе инкасира 6 милиони евра по сезона, плус бонуси. Со тоа, Јувентус испраќа јасна порака – времето на Влаховиќ во црно-белиот дрес истекува. Но, тука не завршуваат амбициите на торинскиот гигант. Во игра е и Виктор Осимен, а доколку трансферот се реализира, Јувентус би добил моќен тандем со Дејвид, а Рандал Коло Муани би останал како дополнителна опција во нападот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |