Јувентус непобедлив во Серија А: Совладан Милан во големото дерби (ВИДЕО)

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус непобедлив во Серија А: Совладан Милан во големото дерби (ВИДЕО)

Јувентус продолжува со импресивната серија без пораз во Серија А, а во дербито против Милан извојува важна победа со 2-0. Во 59. минута, Самуел Мбангула го отвори резултатот, носејќи ја „старата дама“ во водство. Пет минути подоцна, Тимоти Веа го постигна вториот гол, потврдувајќи ја победата на својот тим. Милан, и покрај обидите, не успеа да најде одговор на двата брзи гола на противникот. Фудбалерите на Јувентус покажаа одлична игра против „росонерите“, што им донесе заслужен триумф во дербито.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.