Јувентус почнува да гради тим: Уште едно засилување во средината!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус почнува да гради тим: Уште едно засилување во средината!

Откако веќе го ангажираа Даглас Луиз од Астон Вила, Јувентус и со второ засилување во средината. Најновото нивно засилување е Кефрен Тирам од Ница, 23-годишниот Французин. Неговиот брат е Маркус Турам кој настапува за Интер. Јувентус и Ница се договориле за трансфер вреден 20 милиони евра плус околу пет милиони во бонуси за вкупен пакет од околу 25 милиони евра, пренесува Фабрицио Романо. Тој ќе потпише договор до 2029 година, а според Transfermarkt тој вреди 35 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.