Јувентус подготвува нова понуда за Коло Муани

July 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус подготвува нова понуда за Коло Муани

Италијанскиот гигант Јувентус не се откажува од намерата да го задржи Рандал Коло Муани и по завршувањето на сегашната позајмица. Според „Газета дело Спорт“, клубот од Торино ќе испрати нова понуда до Пари Сен Жермен, со која ќе побара нова позајмица вредна 10 милиони евра, но со додавање на опција за откуп на крајот од сезоната 2025/26. Францускиот напаѓач пристигна во Јувентус во јануари, но во актуелниот договор не постои клаузула за трајно задржување, што значи дека торинскиот клуб мора повторно да преговара со „светците“ од Париз. Коло Муани остави одличен впечаток во Серија А, постигнувајќи 8 голови и 1 асистенција на 16 натпревари. Неговото влијание врз тимот е несомнено, а тренерскиот штаб на Јуве сака да го гледа како дел од долгорочните планови. Пари Сен Жермен, од своја страна, сака целосна продажба и преферира да вклучи задолжителна откупна клаузула – веднаш или врз основа на лесно достижни цели. Парижаните имаат интерес да си ги вратат дел од вложените 95 милиони евра, кои ги платија на Ајнтрахт Франкфурт во 2023 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.