July 9, 2025 | | Свет
Јувентус летово е подготвен на радикален чекор – раскинување на договорот со Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач кој повеќе не се наоѓа во плановите на тренерот Игор Тудор за новата сезона. Според извештаите на „Газета дело Спорт“, клубот од Торино настојува да ја избегне ситуацијата во која Влаховиќ би останал уште една сезона на платен список, но без вистинска улога во тимот, и на крај би заминал како слободен агент. Проблемот е финансиски: Влаховиќ има важечки договор до 2026 година, но во последната сезона неговата нето плата достигнува дури 12 милиони евра, што го прави еден од најплатените фудбалери во Серија А. Се шпекулира дека напаѓачот е подготвен да ја преседи целата сезона доколку тоа значи целосна исплата на договорот. Јувентус затоа најави итен состанок со менаџментот на фудбалерот, каде што ќе се предложи спогодбен раскин, потенцијално со делумна исплата на платата како компромис. Влаховиќ досега има одиграно 145 натпревари за Јувентус, постигнувајќи 58 голови и 14 асистенции. Тој пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за сума од 83,5 милиони евра, но денес неговата пазарна вредност е падната на околу 35 милиони.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |