May 10, 2025 | | Свет
Јувентус со сигурност ќе жали поради несреќниот расплет на дербито против Лацио, откако остави бодови во последните секунди од натпреварот кој беше од огромно значење за пласманот во Лигата на шампионите. Иако водеа до длабоко во судиското продолжение, гол во 96-та минута ги урна нивните надежи. Гостите подобро го отворија второто полувреме и поведоа преку Коло Муани, кој во 51-та минута ја затресе мрежата на домаќините. Се чинеше дека стратегијата на Тудор дава резултат, но ситуацијата брзо се промени по непромислен потег на Калулу. Како што пред неколку кола Јилдиз направи скапа грешка против Монца, овојпат Калулу ја презеде улогата на трагичар. Со несмасен прекршок врз Кастелјанос, заработи директен црвен картон и го остави Јувентус со играч помалку уште од 60-та минута. Од тој момент, тимот се повлече и се обиде да го сочува водството, но отпорот пукна во последните моменти. Иако ВАР поништи пенал за Лацио поради офсајд, домаќините не се предадоа. Во 96-та минута, по еден одбиен удар, Весино реагираше најбрзо и ја смести топката зад грбот на Ди Грегорио, запалувајќи ја трибината на „Олимпико“. Ремито најмногу ѝ одговара на Рома, која сега има шанса со евентуална победа над Аталанта да се пробие до посакуваното четврто место. Ќе видиме дали тимот на Раниери ќе знае како да ја искористи оваа шанса. Головите погледнете ги ТУКА
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |