March 3, 2025 | | Свет
Јувентус вечерва издвои значајна победа против Верона, што им донесе петти триумф во низа во Серија А. Тимот од Торино беше подобар противник на теренот и сосема заслужено ги освои трите бода. Со овој успех, „старата дама“ сега има 55 поени и ја зацврсти четвртата позиција на табелата, пет бода пред Лацио. Иако Верона поголемиот дел од натпреварот беше во подредена позиција и ретко создаваше шанси, имаше можност да дојде до водство во завршницата. Томаш Сушлов погоди со удар од далечина, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд во почетната фаза на акцијата. Јувентус го отвори резултатот во второто полувреме преку Турам, кој погоди околу 15 минути пред крајот. Конечните 2:0 ги постави Компајнерс, заверувајќи ја победата на својот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |