September 1, 2025 | | Свет
Јувентус во последните часови од летниот преоден рок успеа да направи голем пресврт на трансфер пазарот. Откако пропаднаа преговорите со ПСЖ за Рандал Коло Муани, „старата дама“ реагираше експресно и го донесе белгискиот голгетер Луис Опенда од РБ Лајпциг. Тие цело лето преговараа за Коло Муани и веќе имаа договор со напаѓачот, но „светците“ одбија да го пуштат на позајмица без обврска за откуп и на само 24 часа пред затворање на пазарот ја ставија конечната рампа. Јувентус не сакаше да ризикува и веднаш се насочи кон алтернативно решение – Опенда. Белгискиот напаѓач веќе е во Торино, каде утрово ги изврши медицинските прегледи и ќе го комплетира трансферот вреден 45-50 милиони евра. Со неговото доаѓање, Тудор добива брз, силен и продуктивен напаѓач кој минатата сезона во Бундеслигата остави одличен впечаток. Но тоа не е се – Јувентус обезбеди уште едно засилување во офанзивата. Од Лил пристигнува косовскиот репрезентативец Едон Жегрова, кој ќе го засили крилниот сектор. За него клубот ќе плати нешто над 20 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |