September 27, 2025 | | Свет
Иако ја започна сезоната во одлична форма и со шест гола на осум настапи е прв стрелец на Јувентус, Душан Влаховиќ би можел да ја напушти „старата дама“ уште во зимскиот преоден рок. Српскиот напаѓач има договор до 2026 година, но како што стојат работите нема намера да го продолжи. Затоа, јануари се смета за последна прилика клубот да заработи нешто од неговата продажба, со оглед на тоа што во 2022 година за него плати 83,5 милиони евра на Фиорентина. Според „Билд“, Баерн Минхен е најсериозниот кандидат да го доведе, а иницијативата доаѓа лично од Карл Хајнц Румениге, кој сака да го засили нападот на баварскиот гигант. Влаховиќ досега одигра 150 натпревари за Јувентус, постигна 62 погодоци и запиша 15 асистенции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |