„Како не ти е срам така да славиш додека некој се бори за живот“

November 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Како не ти е срам така да славиш додека некој се бори за живот“

Дуелот меѓу Холандија и Унгарија беше прекинат околу 15 минути откако на Адам Салаи, поранешен унгарски напаѓач, а сега член на нивниот стручен штаб, му се слоши и колабираше покрај клупата за резерви. Меѓутоа, напаѓачот на Холандија Вегхорст го навлече бесот на Унгарците, но и на голем дел од своите сонародници поради начинот на кој го прослави голот. Токму ова го коментираше и легендарниот холандски играч за врска Рафаел ван дер Варт. „Кога ќе постигнеш гол, а потоа така славиш... Тоа ми се гади до стомакот. Малку суптилност ќе беше многу поприкладно. Да се слави гол од пенал на таков начин, како да си дал гол во финалето од СП, и тоа минути по она што се случуваше е навистина неверојатно. Засрами се Вегхорст “, изјави Ван дер Варт. Според самиот Вегхорст, не направил ништо лошо. „Не згрешив, ниту пак би направил нешто поинаку ако се најдам во слична ситуација. Мечот продолжи, видов како Салаи го крева палецот покажувајќи дека е во ред. Јас останав фокусиран, дадов гол и прославив. На полувремето прашав за неговото здравје, и сега веднаш по мечот пак го сторив истото“, истакна Вегхорст.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.