Како што доликува: Детално ќе се објаснуваат ВАР одлуките на ЕП

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Како што доликува: Детално ќе се објаснуваат ВАР одлуките на ЕП

Според информациите на новинарот Николас Пелтие од RMC Sport следуваат новитети на ова Европско првенство, а конкретно оваа одлука би можела да се користи и не само на овој турнир, туку генерално. Имено, на ова Европско првенство детално ќе се објаснуваат ВАР одлуките на натпреварите и истите одлуки ќе бидат прикажувани на оние пред малите екрани дома како и оние кои ќе бидат на стадионите. Во прилог и како тоа би изгледало:

Оваа одлука придонесува за поголема транспарентност при носењето на одлуките каде често има ситуации кога гледачите и навивачите се чудат зошто одредена одлука се носи и по кои параметри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.