Како во најблескавите денови: Кутињо си поигруваше со противниците (ВИДЕО)

September 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Како во најблескавите денови: Кутињо си поигруваше со противниците (ВИДЕО)

Фелипе Кутињо не успеа да го достигне својот потенцијал, што поради повреди, што поради неговата неконстантност. Во Ливерпул остави најголем траг, а во Барселона тргна одлично, а потоа едноставно се изгуби. Потоа беше на позајмица во Баерн Минхен, како и во Астон Вила која потоа го откупи, а потоа го испрати во Ал Духаил каде што ја помина минатата сезона. Во моментов го носи дресот на Васко Де Гама, па на натпреварот на неговиот тим против Палмеирас си поигра со двајца противници и за момент потсети на своите најдобри денови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.