Како во старите денови: Диего Коста го фати тинејџерот за гуша! (ВИДЕО)

September 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Како во старите денови: Диего Коста го фати тинејџерот за гуша! (ВИДЕО)

Диего Коста отсекогаш беше познат како тежок карактер и играч кој лесно избувнува. Дури и со своите 35 години, навистина му е тешко да се исконтролира каде реши да нападне дури и тинејџер. Во моментов тој игра за Гремио и одигра натпревар со Б тимот на Гремио бидејќи се враќа од повреда, па потребно му е да фати ритам. Но, дури и на вакви натпревари, едноставно Коста не знае да мирува па така реши за гуша да фати еден 18-годишен тинејџер од противничкиот тим. Имено, после еден лош старт, тој реши физички да се пресмета со младиот фудбалер и веднаш му беше покажан црвен картон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.