Како во старите денови: Руни постигна прекрасен гол од слободен удар (ВИДЕО)

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Како во старите денови: Руни постигна прекрасен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Вејн Руни денеска пак го облече дресот на Манчестер Јунајтед и повторно заигра на „Олд Трафорд“ каде беше дел од ревиалниот натпревар помеѓу легендите на Јунајтед и Селтик. Руни со своите вишок килограми денеска имаше еден одличен потег каде успеа да постигне гол од слободен удар каде ги врати во старите времиња навивачите на „црвените ѓаволи“. Одредени навивачи дури се шалеа велејќи дека во моментов може да влезе и да заигра за Јунајтед поради лошата форма која ја има тимот на Тен Хаг. Во прилог погледнете го прекрасниот гол на легендарниот Руни:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.