Калиниќ доби отказ па прозборе: И Гатузо ќе замине!

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Калиниќ доби отказ па прозборе: И Гатузо ќе замине!

Никола Калиниќ по само четири месеци доби отказ од функцијата спортски директор на Хајдук. Причината за разделбата е лошиот трансфер период кој Хајдук го имаше каде не беа ангажирани потребните засилувања. „Никола Калиниќ од денеска повеќе не е спортски директор на Хајдук, клубот одлучи да го раскине договорот за соработка со него“, соопштија од сплитскиот клуб. По ова, Калиниќ одржа прес-конференција каде објасни зошто повеќе нема да биде на оваа функција. „Тренерот Гатузо веќе подолго време не зборува со претседателот затоа што му вети четири засилувања, но не го исполни тоа. Јас сум само жртвено јагне, додека глувците се сокрија во дупките. Знам дека Гатузо не е задоволен и ќе си замине“, кажа Калиниќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.