Камионџија ја снимил несреќата на Жота само три минути откако се случила (ВИДЕО)

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Камионџија ја снимил несреќата на Жота само три минути откако се случила (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет е завиен во црно по веста за трагичната смрт на Диого Жота, кој заедно со својот брат Андре Силва го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Шпанија. Според првичните информации, Ламборгини-то со кое се возеле браќата излетало од патот откако им пукнала гума. По ударот, возилото се запалило и било целосно уништено, а спасувачките екипи кои пристигнале на теренот не успеале да направат ништо – двајцата починале на самото место. Особено потресна е снимката што се појави на социјалните мрежи, направена само три минути по несреќата, во 00:38 часот, од страна на камионџија кој се движел по истиот пат. На видеото се гледа автомобилот во пламен – сцена која уште повеќе ја отсликува тежината на трагедијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.