Канаваро: Ако Ристовки не ми подадеше раката, ќе го убиев

February 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Канаваро: Ако Ристовки не ми подадеше раката, ќе го убиев

Динамо Загреб остана во борбата за титулата во хрватското првенство, совладувајќи го Шибеник со 3-0. Иако резултатот изгледа убедливо, триумфот не дојде лесно, бидејќи противникот создаде неколку опасни шанси во првото полувреме. „Модрите“ поведоа со многу среќа од својот прв удар кон голот, додека во вториот дел блесна Арбер Хоџа, кој постигна погодок и запиша асистенција, ставајќи печат на победата. По натпреварот, тренерот Фабио Канаваро ја истакна важноста на освоените три бода, но најмногу внимание привлече моментот со Стефан Ристовски. Македонскиот дефанзивец, при замената, изгледаше како да не му подал рака на Канаваро, но Италијанецот тоа го прокоментира со доза на хумор: „Не, не, ми ја подаде раката. Ако не ми ја подадеше, ќе го убиев! Ха, ха, ха… Но, скрши шише кое ќе мора да го плати“, изјави Канаваро низ смеа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.