October 11, 2024 | | Свет
Фабио Канаваро е познат како последниот дефанзивец кој ја има освоено „Златната топка“ и тоа уште во далечната 2006 година. Наградата ја доби откако стана играч на Реал Мадрид, а при еден тренинг, заминувајќи од Валдебебас тренинг центарот го застанал новинар кој тврдел дека има информации. „Се сеќавам дека новинар на „Франс Фудбал“ се појави во Мадрид. Јас бев во својот автомобил и некој почна да вика „Фабио, Фабио“. Застанав со автомобилот, тој беше затрчан и речиси без здив и почна да ми зборува. Ми порача „морам да зборувам со тебе, јас работам за „Франс Фудбал. Јас немав време, па му реков дека брзам и морам да одам дома, а тој побара да дојде со мене во автомобилот. Ми рече дека има да ми каже нешто важно за „Златната топка“. Влезе во автомобилот и ми порача: Знам дека има уште многу до церемонијата, но според гласовите, јасно е дека ти ја освојуваш „Златната топка“. Мислев дека се шегува со мене, но сепак и се јавив на сопругата и и нагласив дека доаѓам дома со пријател кој ми вели дека сум ја освоил „Златната топка“. И таа мислеше дека се работи за шега, но не беше така. Беше смешно и неочекувано, знам дека цело Светско првенство беше фантастично, но во тоа време се мислеше дека дефанзивец не може да биде најдобар во светот. Добивањето на индивидуалната награда беше награда за целиот напоред труд кој го вложив“, откри Канаваро.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |