March 31, 2025 | | Свет
Динамо Загреб продолжува да ги разнишува своите шампионски амбиции, откако синоќа освои само бод на незгодното гостување кај Вараждин (1-1). Со девет кола до крајот, загрепчаните сега имаат пет бодови помалку од лидерот Хајдук и шансите за титулата стануваат сѐ помали. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски натпреварот го започна на клупата, но влезе во игра во 73. минута кога резултатот сѐ уште беше нерешен. Сепак, најинтересниот момент не беше неговото појавување на теренот, туку фактот дека доби жолт картон десет минути пред да стапне на тревникот. Ристовски беше санкциониран поради бурни реакции од клупата, протестирајќи против одлуките на судијата. Она што дополнително зачуди беше одлуката на тренерот Канаваро – наместо да избегне ризик, тој го внесе играчот кој веќе имаше жолт картон, зголемувајќи ја опасноста неговиот тим да остане со човек помалку. Ова докажува дека дури и во вакви моменти, Канаваро му верува. Ова беше седми жолт картон за македонскиот дефанзивец сезонава, а тој веќе трипати беше принуден да паузира поради суспензии. На крајот, неговата опомена беше единствената за Динамо на овој дуел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |