Кансело рано на печалба: Се сели во Саудиска Арабија!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кансело рано на печалба: Се сели во Саудиска Арабија!

Кансело одлучи порано да отиде на печалба па така ја прифати понудата на Ал-Хилал каде ќе потпише договор на три години. Трансферот ќе изнесува 25 милиони евра, а тој веќе го комплетирал првиот дел од медицинските прегледи. Се очекува сѐ да биде готово во наредните неколку часа, а тој може да заработи и до 15 милиони евра годишно ако се исполнат сите услови во договорот. Минатата сезона ја помина на позајмица на Барселона, а и оваа сезона кога се врати во Сити, Гвардиола му даде до знаење дека не го сака и дека не смета на него. Пред Барселона, тој беше и во Баерн Минхен на позајмица каде и таму играше топло-ладно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.