Капело удри по ѕвездите на Реал: Никој од нив не ја заслужува Златната топка!

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Капело удри по ѕвездите на Реал: Никој од нив не ја заслужува Златната топка!

Фабио Капело кој своевремено беше тренер на Реал Мадрид изјави дека според него, ниту еден од фудбалерите на Реал не заслужува да ја освои Златната топка. Од редовите на Реал Мадрид, големи кандидати за освојување на оваа награда се Винисиус и Белингем, а номинирани се и Антонио Рудигер, Даниел Карвахал, Федерико Валверде, Антонио Рудигер и Килијан Мбапе. Според Капело, најдобриот играч на Манчестер Сити, Родри треба да ја освои престижната награда. „Златната топка ја заслужува Родри за настапите во Премиерлигата, Лигата на шампионите и ЕВРО 2024. Беше најдобар сезонава. Некои играчи на Реал тоа и сами го признаваат, ниту еден од нив не беше најдобар оваа сезона. Тоа беше Родри“, рече Капело.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.