September 20, 2024 | | Свет
Легендарниот Звонимир Бобан влезе во конфликт со Ибрахимовиќ бидејќи рече дека не му е јасна улогата на Швеѓанецот во клубот. Ибра му врати дека тој е главен и дека сите работат за него. Во одбрана на Бобан пак застана Фабио Капело кој рече дека ако тој е главен, дека ќе мора да понесе одредена одговорност. „Кога берете грозје, мора да направите вино од тоа што сте го набрале. Во оваа ситуација, луѓето од Милано мора да ги прашаме кој е задолжен за стратегијата на трансфер пазарот. Ибра рече дека тој е главен, па тогаш мора да преземе и некоја одговорност за ситуацијата во клубот. Милан ја освои титулата со Пиоли, а наместо да ги задржи темелите, почна да ги уништува. Изминативе две години потпишаа голем број офанзивци, а не донесоа играчи за врска и класичен центарфор. Алваро Мората е сосема друг тип на играч од Жиру, затоа тренерот мора да прави и тактичка промена. Во Милан гледам 11 играчи кои се раштркани на теренот, не изгледаат како тим. Така беше и минатата сезона“, објасни Капелo.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |