Капело удри по Ернандез: Како капитен не смее да се однесува така

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Капело удри по Ернандез: Како капитен не смее да се однесува така

Фабио Капела дека однесувањето на капитенот на Милан во дуелот против Фиорентина Тео Ернандез не е во ред. Ернандез самоиницијативно реши да ја зеде топката и да го шутира првиот пенал за Милан кој воедно го промаши. На крајот од натпреварот, влезе во конфликт со судијата и заработи црвен картон. „Она што се случи со тие пенали за Милан е неприфатливо. Играчите не може така едноставно да прават што сакаат, тоа не смее да се случува. Улогата на капитенот е сериозна работа, а Тео е тој кој треба да ги почитува одлуките на тренерот. И покрај тоа, сепак сам одлучи дека тој ќе го изведува пеналот. Потоа доби црвен картон по натпреварот. Фудбалерите на Милан не смеат да се однесуваат така. Ако ја носите лентата, вие сте лидер. Се сеќавате ли на Барези и Малдини? Ернандез внесува само негативност во групата“, рече Капело.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.