November 2, 2026 | | Свет
Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалски аналитичар Џејми Карагер упати серија суперлативи за Деклан Рајс, по неговиот одличен настап во дресот на Арсенал против Ливерпул, за кој беше прогласен за играч на натпреварот. Карагер смета дека Рајс во моментов е убедливо најдобриот играч од средниот ред во англиската Премиер лига, нагласувајќи дека разликата во однос на конкуренцијата е огромна. „Деклан Рајс е најдобриот играч од средниот ред во Премиер лигата, и тоа со голема разлика. Воопшто нема дебата“, изјави Карагер. Тој се осврна и на минатосезонските споредби меѓу Рајс и Мојсес Каиседо, но смета дека Англичанецот е на значително повисоко ниво. „Минатата сезона имаше дебата со Каиседо, но сега воопшто не е блиску. Рајс е убедливо најдобриот играч од средниот ред во оваа земја“, додаде поранешниот дефанзивец на Ливерпул. Карагер призна дека понекогаш е изненаден од критиките и коментарите што ги слуша за играта на фудбалерот на Арсенал. „Понекогаш слушам како луѓето зборуваат за него и останувам запрепастен. Како да не го гледаат истиот натпревар како мене“, истакна тој. Според Карагер, квалитетот на Рајс е на светско ниво, а неговите настапи веќе го вбројуваат меѓу најдобрите фудбалери што некогаш го носеле дресот на Арсенал. „Тој е играч од светска класа, во тоа нема апсолутно никакво сомневање, и еден од најдобрите што Арсенал некогаш ги имал. Кога ќе помислите на Патрик Виеира и Лијам Брејди, Рајс е рамо до рамо со најдобрите од нив“, заклучи Карагер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |