August 19, 2024 | | Свет
Денеска Фабрицио Романо потврди дека Жоао Феликс ќе биде нов фудбалер на Челси каде веќе составот на тимот од Лондон брои неверојатни 43 фудбалери со тоа што се очекуваат неколку заминувања. На никој во фудбалскиот свет не му е јасно што прави управата на Челси каде бројот на фудбалери одамна е преголем. Ваквата состојба ја коментираше и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој беше прилично исфрустриран со ситуацијата во Челси каде реши да му постави и прашање на Феликс. „Не знам каде ќе игра Жоао Феликс. Го купија Педро Нето пред една недела, а веќе го имаат и Палмер. Тука е и Енцо Фернандез, каде ќе игра и Нкунку? Ме прашувате каде ќе игра, но јас ќе ве прашам друго: Каде ќе се пресоблече во тренинг центарот? Смртно сум сериозен со ова. Не знам каде се пресоблекуваат. Ако имаш 40 играчи во првиот тим, како ги собира во соблекувалната?“, вели Карагер. Тој не гледа причина зошто во моментов некој играч би потпишал за Челси, освен за добрата плата. „Единтвената причина се парите кои ги добиваат и долгите договори на седум години. Агентите сигурно им велат дека тоа им носи гарантирани пари цели седум години. Јас би велел вака: Потпишете четиригодишен договор за вистински клуб и не одете во Челси“, објаснува тој.
🚨🗣 - Jamie Carragher:
"You're asking where is Joao Felix going to play. I'm asking where is he going to get changed in the training ground?" I'm howling 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/6qQE29H7fD — UF (@UtdFaithfuls) August 19, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |