October 29, 2026 | | Свет
Легендата на Ливерпул и познат фудбалски аналитичар, Џејми Карагер, упати сериозни критики кон Манчестер Јунајтед, предвидувајќи дека „црвените ѓаволи“ би можеле да се најдат во зоната за испаѓање до следната репрезентативна пауза. Карагер смета дека Јунајтед имал релативно лесен распоред на почетокот од сезоната, но дека резултатите и играта на тимот допрва ќе бидат ставени на вистински тест. „Манчестер Јунајтед го имаше најлесниот распоред на почетокот од сезоната. Играше против два тима што изборија пласман во повисок ранг, потоа против Фулам и Тотенхем, кои во тој момент беа на дното на табелата, како и против Манчестер Сити, кој играше со фудбалер помалку“, истакнал Карагер. Според него, претстојните натпревари би можеле да донесат многу поголеми проблеми за тимот од „Олд Трафорд“. Јунајтед го очекуваат дуели против Челси, Астон Вила и Ливерпул, противници кои ќе претставуваат сериозен предизвик. Карагер смета дека токму овие натпревари ќе покажат колку навистина може Манчестер Јунајтед во продолжението од сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |