Карагер по чудниот триумф на Ливерпул: Еден од најголемите грабежи во фудбалот (ВИДЕО)

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер по чудниот триумф на Ливерпул: Еден од најголемите грабежи во фудбалот (ВИДЕО)

Ливерпул одигра еден од најслабите натпревари сезонава, но сепак успеа да слави со 1-0 против Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“, отворајќи си го патот кон четвртфиналето во Лигата на шампионите. Домашниот тим доминираше целосно, имаше над 70% посед на топката, испрати речиси 30 удари кон голот, но наидоа на непремостливиот ѕид наречен Алисон Бекер. Ливерпул го искористи единствениот вистински момент во 87. минута, кога резервистите Нуњез и Елиот комбинираа за единствениот погодок на натпреварот. Легендата на „црвените“, Џејми Карагер, беше запрепастен од прикажаното и без двоумење го нарече натпреварот „еден од најголемите грабежи во фудбалот“. „Не можам да поверувам во тоа што го видов. ПСЖ беше брилијантен, а Ливерпул тотално надигран. Последен пат кога Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Алисон направи клучна одбрана против Наполи, а вечерва неговиот перформанс беше можеби најдобриот во неговата кариера. Ако Ливерпул стигне до крај, оваа ноќ ќе се памети со години“, изјави Карагер за „Си-Би-Ес Спортс“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.