Карагер си доби тужба по контроверзните изјави за Астон Вила

October 31, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер си доби тужба по контроверзните изјави за Астон Вила

Џејми Карагер се најде во центарот на вниманието по контроверзните коментари за Астон Вила и нејзините навивачи, кои, според објавените информации, доведоа до најавена правна постапка од страна на клубот. Поранешниот англиски репрезентативец и актуелен фудбалски аналитичар ги даде спорните изјави коментирајќи ја можноста Унаи Емери во иднина да го преземе Манчестер Јунајтед. Карагер категорично порача дека Астон Вила никогаш нема да биде на нивото на Манчестер Јунајтед, повикувајќи се на хиерархијата што, според него, постои во фудбалот. „Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед, нивните фанови треба да ја затворат е**ната уста. Во фудбалот постои хиерархија, сакале вие да го прифатите тоа или не“, изјави Карагер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.