October 22, 2024 | | Свет
После повредата која ја имаше на мускулот, Расмус Хојлунд полека ја подига формата и се враќа во стартниот состав. Тој го постигна победоносниот гол за Јунајтед во победата над Брентфорд. Во истиот тој натпревар, Тен Хаг реши да направи неколку измени во позиционирањето на играчите на теренот каде Рашфорд играше на десната страна, а Гарначо на левата страна. Токму легендата на Ливерпул Џејми Карагер зборуваше за ова и рече дека Јунајтед треба да продолжи со оваа комбинација и дека таквиот распоред во нападот носи резултати. „Полека но сигурно, Хојлунд почнува да личи на играч. Бев навистина импресиониран од него на мечот со Порто, а сега го потврди тоа и против Брентфорд. Има голем талент во напаѓачката тројка на Јунајтед, но сите гледаат во оној кој го постигнува победничкиот гол. Хојлунд беше доведен за тоа и тоа му е работа. Од друга страна, сите велиме дека Маркус Рашфорд е најдобар на левата страна, но според мене, најдобриот меч го одигра сега против Брентфорд кога играше десно. Гарначо беше на левата страна и постигна одличен гол. Таа комбинација можеби треба да се задржи за периодот кој следи“, рече Карагер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |