Карагер за одлуката на Трент да замине: Не сум лут на него, само сум разочаран

May 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер за одлуката на Трент да замине: Не сум лут на него, само сум разочаран

Одлуката на Трент Александер-Арнолд да го напушти Ливерпул и да се приклучи на Реал Мадрид ги разбуди најдлабоките емоции кај навивачите, особено кај оние кои, како Џејми Карагер, го гледаат Ливерпул не само како клуб, туку како дел од својот идентитет. Карагер, како човек кој целата кариера ја мина на „Енфилд“, го изрази своето разочарување не толку од самиот трансфер, туку од пораката што тој носи, дека ниеден успех не е доволен за некои играчи да останат дел од нешто поголемо од нив самите. Карагер не го оспорува правото на Трент да го направи тој чекор, но го боли што еден локален играч, кој би можел да ја продолжи традицијата на легендите на Ливерпул, избра да замине во момент кога клубот е силен и има потенцијал за долгорочна доминација. „Што се однесува до Трент, тоа е негова кариера, тој има право да прави што сака. Не сум лут, разочаран сум како локален играч. Тој мисли дека Ливерпул не е доволен кога победува. Имавме играчи во историјата кои си заминаа, Стив Мекманаман, Мајкл Овен, Стивен Џерард речиси си заминаа, но тоа беа тимови на Ливерпул кои не беа ни приближно толку добри како овој тим на Ливерпул“, изјави тој. Ливерпул, како што кажува Карагер, е град каде фудбалот е верување, а лојалноста кон клубот е нешто свето. Во таа смисла, заминувањето на Трент е доживеано како предавство не само на теренот, туку и на самата фудбалска филозофија на градот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.