Карагер: Жално е низ што поминува Каземиро

September 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер: Жално е низ што поминува Каземиро

Поранешните фудбалери и сегашни стручњаци во англискиот фудбал Џејми Карагер и Гери Невил дадоа свое видување за Каземиро по ужасниот настап против Ливерпул. Каземиро беше директен виновник за двата гола на Луис Дијаз во 35. и 42. минута по што беше изваден на полувремето. За првиот гол пак, ја даде топката директно во нозете на Рајан Гравенберх, по што следеше контра од која Колумбиецот погоди со глава. Во однос на вториот гол, Дијаз му ја одзеде топката на Бразилецот, а Дијаз на асистенција на Салах погоди за 0-2. „Морам да кажам дека изгуби малку самодоверба, тоа може да му се случи на некој кој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид“, рече Невил. И Карагер упати жалење за натпреварот кој го имаше Каземиро. „Тој имаше толку голема кариера, освои се што треба да се освои. Тажно е да се види низ што минува“, вели Карагер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.