Карагер знае какви играчи му требаат на Арсенал за да освои ПЛ: Артета треба да купи…

December 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер знае какви играчи му требаат на Арсенал за да освои ПЛ: Артета треба да купи…

Арсенал со тесната победа од 1-0 над Ипсвич се искачи на второто место на табелата во Премиер лигата, но и покрај тоа, ги чека уште тешка борба за титулата. Ливерпул, на врвот, ја задржува предноста од шест бода, а со победа во заостанатиот натпревар со градскиот ривал, може да ја зголеми разликата на седум или девет поени. „Топчиите“ ќе мораат да се мобилизираат, да покажат стабилност и да искористат секој кикс на Ливерпул, ако сакаат да останат конкурентни во трката за титулата. Меѓутоа, задачата нема да биде лесна, особено што тимот ќе биде ослабен во наредниот период без Букајо Сака, кој е еден од најклучните играчи во редовите на Арсенал. Според аналитичарот и поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, неговиот поранешен клуб е во одлична позиција да се бори за пехарот, ако продолжат без повреди. Карагер смета дека Ливерпул има силен тим, но исто така упати критики кон Арсенал. Тој верува дека „топчиите“ ќе мора да го засилат нападот ако сакаат да бидат вистински конкуренти на Ливерпул и да освојуваат титули. „Без разлика дали Арсенал ќе остане без титула оваа сезона или не, тие ќе мора да се засилат во 2025 година. Тимот им недостига напаѓачи кога се споредуваат со Ливерпул и Челси. За разлика од тренерот Слот, кој има пет напаѓачи на располагање (кога се сите здрави), Артета се потпира премногу на истите играчи, а најмногу на Букајо Сака. На секој тим му недостига играч од неговата класа, но изгледа дека Артета го има преголемиот товар на Сака“, изјави Карагер. Според него, Арсенал ќе мора да се засили со најмалку два квалитетни напаѓачи, кои не само што ќе бидат добра опција за замена при повреди, туку и ќе можат да започнуваат во стартниот состав и да создадат дополнителен притисок врз противничките тренери. „Артета треба да донесе двајца врвни напаѓачи кои ќе го натераат противничкиот менаџер да се грижи за составот на Арсенал и да предвиди каква формација ќе постават“, заклучи Карагер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.