Карвахал има само 50% шанси да се врати на врвно ниво!

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карвахал има само 50% шанси да се врати на врвно ниво!

Десниот бек на Реал Мадрид Дани Карвахал доживеа тешка повреда откако ги повреди предниот вркстен лигамент, латералниот колатерален лигамент и тетивата. Наводно, Шпанецот ќе отсуствува една година, а според докторот Пабло Хелбер, Карвахал има само 50% шанси да се врати на врвно ниво. Ако ова се испостави како точно, ова е ужасна вест за Реал Мадрид кој и онака полека е во потрага за замена на Карвахал на долги стази. Како најголемо име за кое се заинтересирани се споменува Трент Александер-Арнолд по кого најверојатно ќе тргнат уште во јануари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.