Карвахал: Секој ден му велам на Родри да дојде во Реал бидејќи во Манчестер нема сонце

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карвахал: Секој ден му велам на Родри да дојде во Реал бидејќи во Манчестер нема сонце

Родри се наметна како еден од најдобрите играчи во светот, а својот квалитет го докажува од сезона во сезона. Бекот на Реал Мадрид, Дани Карвахал призна дека постојано се обидува да го убеди Родри да се пресели на Сантијаго Бернабеу. „Секој ден му велам на Родри да потпише за Реал Мадрид. Секој ден му велам да го напушти Манчестер, нема сонце таму и да се пресели во Мадрид бидејќи ни е потребен. Тој ми вели дека има договор, но би бил перфектен за нас“, вели Карвахал. Родри е еден од најзаслужните што Шпанија стигна до големото финале на Европското првенство, но во овие моменти навистина се чини невозможно Родри да го напушти Сити. Според Transfermarkt тој вреди 120 милиони евра, а договорот со Сити му трае до 2027 година.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.