September 24, 2025 | | Свет
Милан врза неколку победи во Серија А и делува дека влегува во посакуван ритам, но поранешниот напаѓач Антонио Касано не е импресиониран. Тој повторно беше директен во својата анализа и изјави дека не верува во проектот на „росонерите“, иако посебно ја истакна улогата на Лука Модриќ. „Против Удинезе изгледаа добро, со Болоња победија заслужено, но мора да кажам дека Болоња тогаш одигра катастрофално. Милан победува, но за мене тоа е повеќе среќа отколку квалитет. Наполи и Јувентус ќе бидат вистински тестови, а Алегри ќе мора да докаже дека оваа серија не е случајна,“ изјави Касано. Сепак, за Модриќ имаше само пофални зборови. „Лука е генијалец. Не само што блеска на теренот, туку ги прави и сите околу себе подобри. Ако тој се повреди или разболи, Милан повторно ќе падне во старата шема – долга топка до Леао и надеж дека нешто ќе се случи.“ Во недела „росонерите“ ќе имаат вистинска проверка – дербито со Наполи кое може многу да покаже за вистинската сила на тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |