Каталонците шокирани: Лас Палмас славеше на „Монжуик“! (ВИДЕО)

November 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Каталонците шокирани: Лас Палмас славеше на „Монжуик“! (ВИДЕО)

Барселона доживеа нов пораз од Ла Лига, овој пат против Лас Палмас на „Монжуик“ со резултат од 2-1. Каталонците одиграа очаен натпревар, а ова за нив е втор пораз во последните три натпревари во шампионатот. Сандро Рамирез го отвори резултатот во 49. минута против својот поранешен тим, Рафиња возврати во 61. минута со одличен удар од далечина. Но, шест минути подоцна следуваше нов шок за тимот на Флик каде Фабио Силва успеа да донесе ново водство на својот тим. Се испостави дека тој гол го постави конечниот резултат и ова е нов удар за Каталонците. Веќе во вторник Барселона има нов натпревар и тоа на гостински терен против Мајорка. Со овој пораз, имаат предност од четири бода пред Реал Мадрид кој има два натпревари помалку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.