Катастрофална повреда на Малиновски, соиграчите останаа шокирани! (ВИДЕО)

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Катастрофална повреда на Малиновски, соиграчите останаа шокирани! (ВИДЕО)

Џенова претрпе пораз на гостувањето кај Венеција во рамките на Серија А, но тоа за момент може да биде и неважно поради ужасната повреда која ја доживеа Руслан Малиновски. Сакајќи да реагира во дефанзива, при еден старт, настрада зглобот на десната нога кој најверојатно е скршен. Ова значи дека го чека долга пауза и скоро па сигурно сезоната за него е завршена. Фудбалерите на теренот останаа шокирани од глетката и болката која ја трпеше Малиновски кој директно беше однесен во болница. Неговиот тим загуби со 2-0, а домаќините имаа повеќе шанси заслужено славеа. Ова за нив беше првиот триумф во актуелната сезона на Серија А.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.