Кејлор Навас ангажирал човек на црно и го терал да спие во подрум без прозорци

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кејлор Навас ангажирал човек на црно и го терал да спие во подрум без прозорци

Кејлор Навас е играч на ПСЖ до 30 јуни и тој ќе замине од Париз, но се појави еден проблем.

Имено, поранешен вработен во неговиот дом го пријавил за искористување и целосно изживување на работното место. Судот во Версај пријавил дека има тужба против голман доставена од човек по име Николас, кој приложил докази дека незаконски бил вработен од Кејлор Навас и бил жртва на нехуман однос од работодавецот.

Навас му давал пари на црно, а според видеото се гледа дека го терал вработениот да носи оружје во куќата и работил многу повеќе од договореното.

Човекот кој бил вработен како помошник во куќата седмично знаел да има 90 работни часа за плата од 3.200 евра, притоа секогаш бил плаќан на рака и бил принуден да живее во подрумска соба без прозорци.

Во видеото се слуша и гласот на Кејлор кој му вели на човекот дека кај него дома се работи по негови услови и дека не важеле француските закони, па така сега жртвата бара милионска оштета за се она што го проживеал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.