Кејн е тежок малер: Ги загуби сите финалиња во кои играл!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кејн е тежок малер: Ги загуби сите финалиња во кои играл!

Хари Кејн одигра очајно финале против Шпанија по што Саутгејт реши да го замени и да го внесе Воткинс во игра. Финалето на Европското првенство беше шесто во неговата кариера и сите шест финалиња тој ги изгуби. Тој загуби во Лига купот (2015, 2021), финалето во Лигата на шампионите (2019), како и двата натпревари за европската титула (2021, 2024) и Суперкупот на Германија (2023). Европското првенство го заврши со три гола на седум натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.