July 29, 2024 | | Свет
Како што пренесува новинарот Флориан Плетенберг, Тотенхем има конкретен интерес за крилниот напаѓач на Јувентус Федерико Киеза кој не е во плановите на тренерот Тиаго Мота. Започнати се преговорите со неговиот агент Фали Рамадани, а наводно Јувентус е спремен да го продаде за сума од 25 милиони евра. Не само минатата сезона, туку генерално кариерата на Киеза тргна во надолна линија поради честите повреди. Претходната сезона на 37 настапи постигна десет гола и подели три асистенции. Со своите 26 години тој сеуште има време да ја спаси својата кариера и да направи голем трансфер. Договорот со Јувентус му истекува наредното лето, а според Transfermarkt вреди 35 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |